Ново велемајсторско шоу и нов делириум за публиката приредија футсалците на КМФ Кратово, кои во својата сала го декласираа фаворизираниот состав на тетовска Шкендија со 9-2 (4-1). Свое голгетерско шоу повторно имаше Горан Арсовски, кој дури трипати ја тресеше гостинската мрежа. Одлична вечер имаа и Бобан Начковски, Драган Стефанов и Никола Јовановски, кои по двапати се запишаа во листата на стрелци. Мора да се истакне и чудесната вечер на голманот Јованче Ивановски, кој одбрани тешки удари и буквално ја спушти ролетната на голот. Зрела игра прикажа и ветеранот Александар Стојановски, како и младиот Дејвид Тодоровски и другите што добија шанса од лисецот Никола Јосифовски.
Најново
![]() | Денеска | 1405 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 23868 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 116805 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20901547 |