gogo

A+ R A-


Костовски: Нема да играме бункер против Вардар

Дуелот на трофејните клубови Вардар и Силекс секогаш привлекувал големо внимание, а така ќе биде и в недела. На стадионот „Филип втори“ гостува големото изненадување во досегашниот дел од првенството, составот на Силекс, во мисија да ги освои бодовите и да се доближи на само еден бод од лидерот. Кратовци се во мала резултатска криза, откако на последните три меча немаат победа, а ремизираа и со Еурмилк во Купот. Излезот од кризата ќе се бара на тешкото гостување против „црвено-црните“.
-Вардар е голем фаворит на хартија, но тоа ќе мора да го докаже на теренот, а таму ќе наиде на еден жилав противник кој ќе му се спротивстави со сите сили. Вардарци имаат квалитетни и искусни играчи, имаат и високи амбиции, но ние дефинитивно нема да се предадеме. Ние одиме во Скопје да ја играме нашата игра, во која не доаѓа до израз индивидуалнуиот квалитет на некој поединец, туку најсилната наша страна, колективната игра. Очекувам токму тимскиот дух да дојде до израз и да зграбиме барем бод на ова тешко гостување. Јасни ни е дека со бункер нема бодови во Скопје, ќе мора да постигнеме барем еден гол, а за победа веројатно ќе ни требаат најмалку два погодоци. Хендикеп за нас е неиграњето на повредениот капитен Николчо Ѓорѓиев, но ние ќе се потрудиме да не се почувствува неговото отсуство - вели напаѓачот на младата репрезентација Кристијан Костовски, кој веројатно ќе го замени Ѓорѓиев во напаѓачката линија.
Судија на овој меч ќе биде охриѓанецот Марјан Марковски. Мечот се игра во недела во 15.30 часот со директен пренос на интернет страната на ФФМ.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.