Симпатизерите на ФК Силекс би можеле летово во првото квалификациско коло на ЛЕ да го гледаат својот омилен тим во Кратово, но шансите за такво нешто не се многу големи. Проблем се столчињата на големата трибина, кои се стари над 15 години, а половина од нив се искршени или воопшто ги нема. Од ФФМ поставиле услов да се постават столчиња, и тоа нови, а не позајмени од друг стадион. Теренот е во солидна состојба и не би требало да претставува проблем, а минатото лето кратовци ги реновираа соблекувалните, изградија прес-сала и просторија за лекарски интервенции за публиката, поставија видео-надзор, изградија нова ограда околу стадионот и редица други шминкања на стадионот. Сепак, последниот збор ќе го има инспекцијата на УЕФА која наскоро ќе дојде во посета на Кратово и ќе пресечедали во Кратово ќе се игра еврофудбал.
Ви деведесеттите години на минатиот век кратовци имаа чест на кратовската тврдина да ги угостат Шахтјор Доњецк, Клуб Бриж, Вац Самсунг, Акранес...
Кратовчани би можеле да гледаат европски фудбал, но проблем е трибината
Најново
![]() | Денеска | 1244 |
![]() | Вчера | 1527 |
![]() | Оваа недела | 2771 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 127308 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20912050 |