gogo

A+ R A-


Кратовчанката Дајана Јовановска се сели од Металург во романскиот Данубиус

altМакедонската репрезентативка Дајана Јовановска од следната сезона ќе игра во романскиот тим Данубиус Галати, објави сајтот 24ракомет. Ова ќе биде прво интернационално искуство за 23 годишната кратовчанка, која досега го носеше дресот на Металург. Јовановска потпиша договор на една година со Галати.

Тимот во кој ќе настапува левиот бек, следната сезона ќе игра во првата лига во Романија и амбицијата на овој клуб е да се задржи меѓу првите осум екипи во лигата. Романската прва лига брои 14 екипи и моментално спаѓа во топ 3 најдобри лиги во женскиот ракомет.

Имав понуди и од други клубови, но го одбрав овој клуб поради тоа што сакав да играм во романската лига која е многу квалитетна, со цел да напредувам и да стекнам поголемо искуство.“ – изјави Јованоска за 24Ракомет.

Дајана Јовановска со ракометот започнала да се занимава од 11 годишна возраст. Прв клуб и бил „Ел Коритон“, и досега настапувала и во битолскиот клуб „Феникс Ам“, РК „Металург Скопје“, а од 2010 година до денес беше дел од првиот тим на ЖРК Металург.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.