gogo

A+ R A-


Кратовци оптимисти, Вадуц е тим што може да се мине

Фудбалерите на Силекс ги избегнаа фаворитите Макаби Тел Авив и Дебрецен во првото квалификациско коло на Лига Европа, а добија, барем на хартија, посакуван противник во името на Вадуц од Лихтенштајн. Ривалот доаѓа од нефудбалска земја, која нема ниту домашно првенство, во која победникот на националниот куп обезбедува излез на евросцената. Но, работите не се толку розови, ако се знае дека Вадуц е тим кој веќе две години настапува во швајцарската Супер лига, во друштво на Базел, Јанг Бојс, Грасхоперс и други квалитетни тимови. Лани минаа две кола во квалификациите, а испаднаа во третото коло од Тун по две нерешени средби.
„Ние сме задоволни од ждрепката. Можеше да добиеме и посилен тим. Сега во прв момент не можам во детали да говорам, но ние ќе се обидеме на тие два меча да одиграме најдобро што можеме“, истакна стратегот на кратовци Момчило Митевски.
По повредата на голманот Милан Митровиќ, на голот на Силекс ќе застане Никола Вујанац, од кого се очекува да ја зачува мрежата недопрена. Најголемата опасност за него ќе биде албанскиот репрезентативец Армандо Садику, играчот кој синоќа ја урна Романија на ЕП во Франција.
„Мислам дека имаме солидни шанси за поминување во следното коло. Противникот е сличен на нас, а предност е што реваншот го играме дома. Сметам дека имаме доволно сили и знаење да го минеме првото коло“, ни изјави Вујанац.      Оливер Арсовски

http://www.fcvaduz.li/contortionist/0/contortionistUniverses/394/img/2110906964/1269302277.jpg

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.