gogo

A+ R A-


Кратовци се вратија од 0-3 и го победија Цико со 4-3

altЦико е совладан, останува уште една пречка, уште еден меч за промоција на КМФ Кратово во елитната прволигашка конкуренција. По вечерашниот дуел и триумфот на гостински терен со 4-3 против Цико Стојаково, веќе работите станаа далеку појасни. За прволигашка промоција потребно е Цико во следното коло, во кое кратовци се слободни, да го совлада или одигра нерешено со Шкупи на свој терен. Доколку чаирчани слават, тогаш титулата ќе се решава во последното коло, кога на избраниците на Никола Јосифовски ќе им биде потребно најмалку реми.
А можеше да биде далеку покомплицирана ситуацијата, ако вечерва кратовци не се вратеа од „мртвите“, откако на полувреме имаа негатива од три гола, 0-3. Кога веќе сите ги прежалија, кратовските футсалци одиграа второ полувреме за паметење и со погодоците на Стефанов, два на Лампевски и победничкиот на Арсовски во последните мигови од мечот, стасаа до три големи бодови.
ВТОРА ФУТСАЛ ЛИГА, PLAY OFF - 4

КМФ Цико - КМФ Кратово 3:4
КМФ Шкупи слободен ова коло.

ТАБЕЛА:
1. КМФ Кратово 47
2. КМФ Шкупи 43
3. КМФ Цико 36

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.