gogo

A+ R A-


Кратово се мобилизира, во недела пристигнуваат 10 милиони евра

http://actmedia.eu/images/articles/131025100943euro_4.jpgЌе може ли скромниот состав на Силекс да се спротивстави на „мултимилионскиот“ состав на Вардар во дерби-мечот на првото пролетно фудбалско коло? Ова прашање ја скокотка фудбалската јавност, откако Вардар зимава искомпонира ростер кој, верувале или, вреди 10,5 милиони евра според страницата Трансфермаркт. Најдобрите единаесет во изборот на тренерот Сергеј Андреев вредат 5,5 милиони евра, а убедливо најскапи се новото засилување Сенијад Ибричиќ (2 милиони), и репрезентативците Горан Попов (1 милион) и Дејан Блажевски (700.000). Интересно е што најевтиниот играч во најдобрите 11 на Вардар, Златко Таневски, е проценет на 300.000 евра, што е повеќе од најскапо проценетиот играч на Силекс, Стојанче Велинов, кој тежи 250.000 евра, и Филип Дурански (200.000 евра).
-Досега праксата покажала безброј пати дека на теренот не играат милионите, туку борбеноста, жарот и пожртвуваноста на оној што сака да дојде до бодовите. Дали ќе биде така и в недела, дали Силекс ќе докаже дека среќата ги прати храбрите, ќе дознаеме во недела навечер. Се надевам дека на крајот ќе избориме добар резултат, затое што на ваков меч ние нема што да загубиме - истакна Филип Дурански, еден од најдобрите играчи на Силекс во есенската полусезона.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.