gogo

A+ R A-


КУП: Симов одбрани пенал, но Силекс поразен од Работнички

altВо првиот меч од 1/4 финалето од Купот на Македонија, „романтичарите“ како домаќини со 3:0 славеа над Силекс. Алтипармаковски, Илијоски и Вујчиќ донесоа радост за актуелниот освојувач на ова натпреварување, иако по првиот дел резултатот беше 0:0. Во 11’ минута Работнички, преку Илијоски не успеаа да постигнат гол, откако не ја реализираше најстрогата казна, односно голманот на гостите одлично реагираше. Сепак домаќините нападнаа во продолжението и стигнаа до планираната цел. Алтипармаковски со одличен удар од некаде 20 метри, во 55’ минута го отвара резултатот. Предноста ја удвои Илијоски во 68’ минута, откако беше одлично проигран од Вујчиќ по еден слободен удар. токму Германецот во 82’ минута го постави конечниот релзултат со вториот удар од белата точка за „романтиччарите“. Во финишот кратовци останаа со десет играчи,отккао Стефан Рудан заработи исклучување.
Во најефикасната средба, каде што паднаа дури шест голови, Хоризонт беше подобар на гостувањето кај Македонија ЃП со 2:4. Стоилов, Божинов и на два пати Имери донесоа „покер“ за прволигашот. Додека, пак, Шајноски и Мишковски ја намалија предноста и даваат каква-таква шанса на „лавовите“ во реваншот.
Единствената неизвесност околу патникот понатаму носи дуелот Младост - Брегалница кој финишираше 1:1. И двата погодоци паднаа пред самиот крај на првото (Цветановски 1:0, 45’), односно второто полувреме (Ристовски 1:1, 80’).
Последниот 1/4 финален натпревар ќе го играат Шкендија и Вардар, на стадионот во Чаир од 13:00 часот. Реванш натпреварите се закажани за 02. декември.

РЕЗУЛТАТИ 1/4 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА
ПРВИ НАТПРЕВАРИ

Работнички - Силекс  3:0(0:0)
(Алтипармаковски 55’, Илијоски 68’, Вујчиќ 82’)

Македонија ЃП - Хоризонт Т  2:4(0:1)
(Шајноски 61’, Мишовски 90’; Стоилов 17’, Имери 67’, 71’, Божинов 83’)

Младост ЦД - Брегалница  1:1(1:0)
(Цветановски 45’, Ристовски 80’)

УТРЕ
Шкендија - Вардар  13:00

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.