Фудбалската федерација на Македонија ги извлече двојките за осминафиналните дуели за разигрувањето на државниот куп во футсал. Најтрофејниот футсал клуб Железарец ќе атакува на двојна круна преку натпревар со второлигашот Кратово.
Второпласираниот Шкупи пред своја публика ќе го пречека Цико, додека екипата на Јувентус Серава која во моментов е третопласирана со 15 бодови помалку од Железарец ќе го нагости Мал Ајакс. Натпреварите ќе бидат одиграни на 17. односно 18. февруари.
Двојки – Футсал Куп на Македонија (осминафинале):
Кратово - Железарец
Хедис – Саса
Скопје – Форца
Ројал Илирет – СЕЕУ
Шкупи – Цико
Биџо – Црна Река
Веле – Овче Поле
Јувентус Серава – Мал Ајакс