Некои му препорачуваат да ја остави фудбалската игра и да се сврти кон манекенството. Други му велат да го избере фудбалот и да го реализира големиот талент кој го поседува. Фото-модел или фудбалер, голема разлика нема, и двете се потценети дома, а одлично платени на Запад. Виничанецот на печалба во ФК Силекс Кратово, Роберто Стојков, го одбра фудбалот. Овој млад фудбалер кој неодамна наполни 18 години, ќе има одлична можност во претстојната сезона да се наметне кај тренерскиот двоец Штерјовски - Здравков и да експлодира во дресот на Силекс. Времето работи за него, млад е, но го има неопходното искуство затоа што бил дел од младинските репрезентации на Македонија до 17 и 19 години. Многу млад дебитираше во дресот на Силекс, а сезонава се очекува да добие поголема минутажа. Порталот www.aberdzija.com изработи хајлајтс за младиот крилен играч кој подеднакво добро игра и по левата и по десната страна, и му посакуваме блескава фудбалска кариера.