По единаесет години, Силекс повторно се враќа на европската фудбалска сцена. Ждребот сакаше кратовци во првото квалификациско коло на Лига Европа да патуваат во Лихтенштајн, на мегдан против тимот на Вадуц. Противникот доаѓа од нефудбалска земја, но има солиден квалитет и влегува како благ фаворит во двомечот со Силекс.
-Играме против тим кој игра во силното швајцарско првенство и остварува добри резултати, посебно на свој терен. Минатите денови добро ги анализиравме јаките и слабите страни на противникот. Имаат годишен буџет кој е поголем од буџетот на Вардар и Шкендија заедно. Против таков тим нема што да загубиме, може само да добиеме. Посакуваме на првиот меч да оствариме тесен резултат, по можност позитивен, за во реваншот да се обидеме да минеме во второто квалификациско коло. Имавме мал хендикеп што не одигравме ниту еден пријателски меч за да ја контролираме нашата подготвеност и форма – истакна стратегот на кратовци Момчило Митевски.
Во редовите на Силекс деновиве владее позитивна атмосфера, здравствениот билтен е одличен, а мотивацијата огромна.
-Самиот настап во првото квалификациско коло на ЛЕ за нас е голем успех. Со максимално залагање, но и ако ги повториме нашите најдобри мечеви од ланската сезона против Вардар и Шкендија, би можеле да направиме големо изненадување и да продолжиме во второто коло – вели стоперот Немања Иванов.
Мечот се игра во четврток на Рајнпарк стадионот со капацитет од 7.000 гледачи, со почеток од 19 часот. Судиската четворка доаѓа од Исланд, а ќе ја предводи Тородур Хјалталин. О.А.
Момчило Митевски: Против Вадуц нема што да загубиме, може само да добиеме
Најново
![]() | Денеска | 130 |
![]() | Вчера | 3310 |
![]() | Оваа недела | 25903 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 118840 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20903582 |