gogo

A+ R A-


„Monster Gym“ - фитнес центар во Кратово скроен за вашата психофизичка кондиција

altСите вљубеници во бодибилдингот и фитнесот дефинитивно имаат причина за радост. Во просториите над ресторанот „Персидо“ на улица „Страхил Досев“ бр.13А во месец октомври ќе биде отворен фитнес-центар опремен со 15 до 20 справи за секој дел од телото, професионално изработени и со валиден атест. Покрај справите за боди-билдинг, центарот е опремен и со фитнес опрема како ракавици за вежбање, каиши, појаси за слабеење, што го прави центарот подеднакво привлечен и за машкиот, но и за женскиот пол.

Фитнес центарот “Monster Gym” во Кратово воведува нови стандарди во областа на фитнесот и релаксацијата и е пред се наменет за луѓе со посебен животен стил кои сакаат во позитивна атмосфера да ја обноват својата енергија, здравје, кардиоваскуларен систем, мускулен тонус и целокупната психофизичка кондиција.

alt

Работното време на фитнес-центарот ќе биде од 08-22 часот седум дена во неделата.
Од фитнес-центарот ве покануваат да го посетите и одблиску да се запознаете со условите што ги нуди за вежбање и рекреација.

http://www.facebook.com/pages/Fitnes-Centar-Monster-Gym/390132287802512

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.