gogo

A+ R A-


На Александар Ставрев му се „уарни“ во Кратово, по втор пат ќе суди на Силекс

Можеби е случајност, можеби не е, но еве се случи најдобриот македонски судија Александар Ставрев повторно да биде делегиран во Кратово на мечот Силекс - Ренова. Тој и пред две недели во првото коло го судеше мечот Силекс - Хоризонт. Ваквото делегирање никому не пречи, ако се има предвид дека екипите на кои им суди Ставрев имаат европско судење, без прогледување низ прсти. Во првото коло, Ставрев беше „таличен“ за кратовци, затоа што во вториот дел оправдано го исклучи Харизанов од Хоризонт Турново и им ја олесни работата на домаќините. 

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.