Футсал тимот КМФ „Кратово“ повторно се врати на победничките патеки, откако синоќа на домашен терен го совлада тимот на КМФ „Богородица“. Кратовци одиграа уште еден фуриозен меч, победувајќи со убедливи 5-3 со трите погодоци на Бобан Начковски и два на Горан Арсовски. На полувреме резултатот беше 3-2, но во остатокот на мечот кратовци носени од публиката стигнаа до конечни 5-3. Уште еден одличен меч одигра Горан Арсовски, кој со новите два погодоци изби на чело на листата на стрелци во второлигашката конкуренција.
Најново
![]() | Денеска | 1982 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24445 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117382 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902124 |