Одличните партии во дресот на КМФ Кратово во текот на есенската полусезона, драстично го кренаа рејтингот на двајцата млади футсалци од Кратово, Горан Арсовски и Никола Јовановски. Многуте голови, асистенции и мајсторски потези биле причината поради која неколку футсал клубови од земјава пројавиле интерес зимава, или најдоцна на лето да ги ангажираат во своите редови.
Одлична сезона бележи и голманот Јованче Ивановски, за кого наскоро фудбалската јавност сигурно ќе слушне.
Во продолжение видео со најдобрите потези на Арсовски и Јовановски.