gogo

A+ R A-


Немања Иванов: Ќе им се ревашираме на „царевите“ за поразот во Охрид

altПо кусата пауза во фудбалското првенство, утре продолжува прволигашкиот карван со мечевите од 15-то коло. На програмата во Кратово е дуелот меѓу домаќинот Силекс и Младост од Царев двор, тимови кои до пред 2-3 кола беа вистински хит во првенството. По неколкуте слаби изданија, кратовци паднаа на петтата позиција,  додека „царевите“ се во зоната на испаѓање.
-Очекуваме тежок меч против квалитетен противник, кој не совлада на првиот меч во Охрид. Време е да се реваншираме, дополнителен мотив е домашната публика, која заслужува да ја наградиме со нов триумф. Тајната на успехот лежи во максимален ангажман на сите играчи на теренот, а тоа ќе ни донесе бодови за искачување на третата или четвртата позиција на табелата - вели Немања Иванов, еден од столбовите во одбраната на Силекс.
Мечот се игра со почеток од 13 часот, а делител на правдата ќе биде Далибор Ѓорѓевски од Куманово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.