gogo

A+ R A-


Ниту Работнички нема лек за Силекс, без голови на „Филип втори“

altНиту шампионот Работнички не успеа да го „легне“ на плеќи составот на Силекс, кој успеа да остане непоразен на арената „Филип втори“. По тешка рововска битка, „црвено-сините“ успеаја да ја зачуваат мрежата, играјќи нерешено 0-0 со фаворизираниот противник. Домаќинот тргна по трите бода, но уште во раната фаза голманот Ников на двапати успеа да излезе победник во дуелите со Тодоровски и Милушев.
шансата на мечот ја пропушти Николчо Ѓорѓиев во 58-та минута, кога нововлезениот екс-голман на кратовци, Даниел Божиновски, го одбрани неговиот удар од чиста позиција за гол.
Во 89-та минута Силекс остана без играч, откако Ѓорѓе Џонов заработи исклучување по стартот врз Силјановски, но домаќините не успеаја да создадат шанса до крајот на мечот.
Кратовци се во одлична серија од две победи и две ремија, а ги очекува двојна програма на свој терен, со Тетекс и Пелистер, по што може да се случи кратовци да се најдат на лидеркста позиција.

 СИЛЕКС - Ников, Тимовски, Мицков (71’ Мијатовиќ), Јанев, Џонов, С. Рудан, Тодоров, Дурански (87’ Јаков), Пановски, Велинов, Ѓоргиев (66’ Симјановски)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.