gogo

A+ R A-


По голема борба, одбојкарите на Пробиштип го совладаа Мавис

Иако се очекуваше да биде уште лесен меч за домаќините, сепак, дербито на Истокот меѓу одбојкарите на Пробиштип и Мавис донесе неизвесен меч, со пресврти и многу возбудувања. На крајот посреќни, но и поснаодливи беа домашните одбојкари, завршувајќи го мечот со конечни 3:2 (21:25,25:12,25:18,25:27,15:10). Првиот сет го добија одбојкарите на Мавис, па возвратија пробиштипјани со два добиени сетови. Мавис повторно доби сет за 2-2, а во последниот сет славеа домашните играчи со 15-10.
Интересен детаљ беше што и двата тима настапија во речиси идентична спортска опрема, што во ракометот, фудбалот и кошарката не е дозволиво, но во одбојката може да се случи, бидејќи играчите од двата тима немаат контакт.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.