gogo

A+ R A-


Почнува прволигашката сезона, Силекс сака во првите шест (ВИДЕО)

Стартува 23-от фудбалски шампионат во Македонија. 10 клуба, 10 желби, некои сонуваат за титула, некои за опстанок. Овој шампионат ќе биде со нов формат, за првпат во нашата историја со 10 екипи кои ќе се борат за шампионската титула.  Натпреварите се играат по Бергеров систем, во четири круга. Во првите два круга се применува класичен Бергеров систем (дома-гости). Во третиот круг се применува словенечкиот Бергеров систем со повластени клубови согласно остварениот пласман по 18-то коло. Четвртиот круг се игра во две групи од кои:

- во првата група клубовите се натпреваруваатпо класичен еднострук Бергеров систем во пет кола и учество земаат првите шест пласирани екипи на табелата по завршување на третиот круг.

alt

- во втората група клубовите се натпреваруваат по класичен двострук Бергеров систем во шест кола и учество земаат екипите пласирани од седмо до десетто место на табелата по завршување на третиот круг.

На крајот од четвртиот круг, првопласираната екипа е новиот македонски шампион и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, а второ и третопласираната екипа обезбедуваат место во квалификациите за Лигата на Европа. Од лигата ќе испаднат последните две екипи (девето и десеттопласираната), а осмопласираниот тим ќе игра бараж за опстанок со третопласираниот тим од второлигашкото натпреварување.

ДВОЈКИ – 1.КОЛО

Ренова – Тетекс  0-0

Пелистер – Вардар

Силекс – Хоризонт Т.

Шкендија – Брегалница

Работнички – Металург

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.