Екипата на Силекс, која веќе од поодамна го обезбеди влезот во Првата лига, денеска во рамките на 27. коло од Втората МФЛ на гостувањето во Куманово, на неутрален терен поради суспензијата на теренот на Зајас, неочекувано загуби од истоимената екипа со резултат од 3-1. Стрелец на голот за Силекс беше Филип Дурански во финишот. Повратник следната сезона во првата лига скоро сигурно ќе биде уште еден клуб, кој исто така минатата сезона и ја напушти. Тетекс, на гостувањето во Велес, славеше убедливо над Борец со 5-0.
Резултати, Втора лига, 27.коло
Миравци – Тиверија 3-0
Локомотива – Врапчиште 2-1
Скопје – Новаци 3-1
Дрита – Маџари 3-2
Зајас – Силекс 3-0
Борец – Тетекс 0-5
Корзо – Победа 2-2
Табела: Силекс 61, Тетекс 58, Дрита 51, Скопје 50, Врапчиште 49, Миравци 47, Шкупи 46, Зајас 41, Тиверија 38, Победа ј. 35, Маџари 34…