Дека македонскиот фудбал е паднат на ниски гранки, знаеме одамна, но последниот циркус кој се случи на првенствениот меч Силекс - Работнички е една од најголемите лакрдии што се случиле на фудбалските терени во Македонија. Во реванш-мечот од четвртфиналето од Купот, креатор на циркусот беше главниот судија Фатон Мустафи од Тетово, кој покажа невидена снаодливост и лукавост да се снајде во непријатна ситуација за него. Имено, во 58-та минута играчот на Работнички, Леон Најдовски стартуваше непрописно од зад грб врз Бобан Мариќ, по што Мустафи сосема оправдано досуди пенал за Силекс. Без многу да размислува, се фати за жолтиот картон и тргна кон играчот што го направи прекршокот, во случајот Најдовски. И тогаш на сцена стапи неговата лукавост и подмолност, која предизвика општа смеа кај присутните на стадионот. Имено, во миговите кога тргна да му додели картон на Најдовски, Мустафи очигледно се сети дека Најдовски веќе имаше жолт картон од првиот дел. И тогаш следуваше чудесен пресврт, Мустафи се направи „слеп при очи“ и картонот го додели на најблискиот играч до него, во случајот Горан Силјановски. Ни крив, ни должен, Силјановски се фати за глава, не можејќи да поверува зошто заработи картон, но набргу се смири, веројатно откако му беше дошепнато каква лакрдија направи човекот што беше задолжен за делење на судиска „кражба“, пардон правда во Кратово. Останува нејасно зошто му требаше оваа бламажа на Мустафи, во мигови кога пласманот на Работнички не беше доведен во прашање.
Погледнете ја судиската бламажа на Фатон Мустафи на мечот Силекс - Работнички (ВИДЕО)
Најново
![]() | Денеска | 2339 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24802 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117739 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902481 |