gogo

A+ R A-


Портрет на најголемото изненадување во светскиот клупски фудбал - Лестер

По вчерашниот убедлив триумф над најголемиот ривал за титулата и најскап тим во Премиер лигата, Лестер почна да ги предомислува и скептиците кои не веруваат во нивно освојување на титулата. Кои 11 играчи и тренер прават чудо сезонава?

 

Каспер Шмајхел, голман, 29 годиниalt

25 натпревари сезонава, 27 примени голови. Син на Питер Шмајхел, кој во Англија бранеше за Манчестер Сити е херој на Лестер годинава.

Дени Симпсон, десен бек, 29 годиниalt

Одигра 18 меча досега сезонава. Воспитуван во Манчестер Јунајтед, овој фудбалер своето место го најде во Лестер каде игра фантастична сезона. На десната бековска позиција, Дени Симпсон дојде на местото на Ричи де Лает кој е позајмен во Мидлзброу.

Вес Морган, стопер, 32 годиниalt

Јамајчанецот се појави на 25 натпревари сезонава. Капитен на екипата на Лестер и легенда на англиските пониски дивизии. Цели 10 години играше за Нотингем Форест.

Роберт Хут, стопер, 31 годинаalt

24 меча, 3 гола. Поранешен играч на Челси. Има 19 настапи за германската репрезентација. Лани во Стоук го сметаа за непотребен, а годинава е меѓу петте најдобри стопери во Премиер лигата. Со два ефектни гола беше најзаслужен за победата на Лисиците вчера против Манчестер Сити 1:3 на Етихад.

Кристијан Фукс, лев бек, 29 годиниalt

19 средби досега сезонава. Капитен на Австрија, кој во Лестер дојде бесплатно, без обештетување како поранешен играч на Шалке.

Н’Голо Канте’, средина на терен, 24 годиниalt

25 натпревари, 1 гол. Дојде лани од францускиот Кан за 8 милиони евра и е најдобар box-to-box играч во Премиер лигата. После Варди и Марез, Канте’ е најомилен играч кај навивачите.

Даниел Дринквотер, средина на терен, 25 годиниalt

23 меча, 1 гол. Уште едно дете на Манчестер Јунајтед кој се докажуваше во Чемпионшип. Го храни Варди со долги топки во текот на целата сезона.

Марк Олбрајтон, крило, 26 години
alt

25 меча, 1 гол. Пред неколку сезони беше најголема надеж во матичниот клуб Астон Вила, која сепак реши да не му го продолжи договорот во 2014-та година. Сега Вила би можела да испадне во втората лига, а Лестер да ја освои Премиер лигата.

Риад Марез, крило, 24 годиниalt

24 меча, 14 голови. Главниот творец на успехот на Лестер и европска играчка сензација. Дојде од францускиот Ле Авр за 350.000 фунти и се испостави како најдобар трансфер во Премиер лигата во последните пет години.

Синџи Оказаки, напаѓач, 29 годиниalt

23 меча, 4 гола. Најголема ѕвезда на јапонскиот фудбал во моментов. Дојде во Лестер за 7 милиони фунти, а тренерот Раниери најчесто го ротира со аргентинската ѕвезда Леонардо Улоа.

Џејми Варди, напаѓач, 29 годиниalt

Најдобрар играч на екипата и најдобар стрелец во Премиер лигата. За неговиот фудбалски пат ќе се снима филм.

Клаудио Раниери, тренер, 64 годиниalt

По катастрофалните резултати како селектор на Грција, Раниери некако незабележително и од сенка стана тренер на Лестер. Екипата игра како препородена со него и е многу близу до историска титула во Премиер лигата. Ги победи далеку побогатите и пореномирани клубови во Англија сезонава.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.