По првиот пораз на домашен терен во минатото коло, Силекс денес ја оствари првата гостинска победа, триумфирајќи со убедливи 1-3 во Тетово против веќе отпишаниот Тетекс. Стефан Рудан во 15.минута го отвори резултатот, кога со удар со глава по корнерот на Велинов ја затресе мрежата на Манчевски.
Во вториот дел, Велинов во 63.минута постигна одличен погодок, кога со волеј – удар од 15 метри погоди на вистинското место, а во 71.минута и Мариќ се запиша во листата на стрелците за кратовскиот прволигаш. Потоа „текстилците“ останаа и со играч помалку по исклучувањето на Боби Божиновски, но, сепак, Фернандињо во 86.минута успеа да постигне почесен гол за домаќините.
РЕЗУЛТАТИ, ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО
Х.ТУРНОВО – ВАРДАР 0-0
МЕТАЛУРГ – БРЕГАЛНИЦА 3-0
ТЕТЕКС – СИЛЕКС 1-3
РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 1-0
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 1-0
Табела: Вардар 34, Работнички 28, Шкендија 24, Силекс 21, Металург 21, Ренова 19, Пелистер 17, Х. Турново 17, Брегалница 9, Тетекс 2.