
Победникот во Лигата на шампионите од наградите на УЕФА може да заработи максимум 65 милиони евра, додека освојувачот на Лига Европа нешто помалку од 19 милиони евра. Доколку минат барем едно коло, Силекс, Шкендија и Работнички ќе заработат дополнителни 210.000 евра, а тука би се додале и приходите од ТВ права и продажба на билети.
Награди за квалификациите во ЛШ:
Учество – 250 илјади евра
Прво коло – 200 илјади евра
Второ коло – 300 илјади евра
Трето коло – 400 илјади евра
Награди за настап во ЛШ:
Пласман во групна фаза – 12 милиони евра
Победа – 1,5 милиони евра
Нерешено – 750 илјади евра
Осминафинале – 5.5 милиони евра
Четвртфинале – 6 милиони евра
Полуфинале – 7 милиони евра
Финале – 10,5 милиони евра
Европски шампион – 15 милиони евра
Награди за квалификациите во ЛЕ:
Прво коло – 200 илјади евра
Второ коло – 210 илјади евра
Трето коло – 220 илјади евра
Плеј-оф – 230 илјади евра
Награди за настап во ЛЕ:
Пласман во групна фаза – 2,4 милиони евра
Победа – 360 илјади евра
Нерешено – 120 илјади евра
Прво место во група – 500 илјади евра
Второ место во група – 250 илјади евра
Шеснаестинафинале – 500 илјади евра
Осминафинале – 750 илјади евра
Четвртфинале – милион евра
Полуфинале – 1,5 милиони евра
Финале – 3,5 милиони евра
Победник – 6,5 милиони евра