gogo

A+ R A-


Работнички ќе го пречека Силекс во сабота во Ново Лисиче

Натпреварот од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига Работнички – Силекс, наместо на „Арена Филип Втори“ ќе се одигра на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Ново Лисиче.

trening-centar-500

Дуелот ќе се одигра во првично определениот термин, сабота (2 мај) со почеток од 16 часот.

Другите натпревари од плеј-офот и плеј-аутот во домашниот шампионат, на програмата се в недела (3 мај).

Двојки за плеј-оф: Работнички – Силекс (сабота 16 часот), Шкендија – Ренова (недела 16 ч.) и Вардар – Металург (недела 18 ч.)

Двојки за плеј-аут: Хоризонт Турново  – Пелистер и Брегалница – Тетекс (недела 16 часот).

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.