Дуелот од 14-тото коло на првата фудбалска лига меѓу Пелистер и Силекс е од извонредно значење за двата тима. Кратовци се во старата препознатлива форма, имаат само еден пораз во последните пет кола, и тоа од шампионот Работнички. Нов триумф на гостински терен по оној со Тетекс од минатото коло ќе ги вивне уште повисоко на табелата, а пораз дефинитивно ќе ги врати во зоната на загрозени тимови. Пелистерци имаат други маки, пет кола не знаат за триумф, и што е уште полошо за нив, веќе над 500 минути немаат погодок во противничката мрежа. Ситуацијата најдобро ни ја опиша шефот на струката во Силекс, Зоран Штерјовски, кој и самиот е битолчанец и денеска ќе има посебни мотиви.
-Со посебни емоции го очекувам денешниот меч, бидејќи Пелистер е клубот во кој израснав, за кој ме врзуваат многу нешта. Но, емоциите морам да ги ставам на страна и со посебна мотивација да влеземе во овој меч со намера да извлечеме што поповолен резултат. Противникот е во криза, а ние сме во подобра психолошка ситуација, бидејќи имаме каква-таква залиха на бодови на табелата што ни дозволува малку порелаксирано да влеземе во овој меч - истакна Штерјовски.
Колку сериозно се сфаќа овој меч, говори и потегот на управата на Силекс. Имено, експедицијата на кратовскиот прволигаш уште вчера пристигна во Битола и се смести во хотелот „Епинал“ во центарот на Битола. Дали карантинот ќе се одрази на играта на теренот, ќе се знае денес околу 15 часот, кога ќе заврши мечот, кој ќе го суди интернационалецот Александар Ставрев. Слободните мигови во Битола фудбалерите на Силекс ги искористија за да се дружат и фотографираат со славното актерско име Раде Шербеџија, кој им посакал успех на денешниот меч.
Раде Шербеџија ќе им држи среќа на кратовци против Пелистер
Најново
![]() | Денеска | 2006 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24469 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117406 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902148 |