
Бартон во текот на мечот според статистиката на ФК Силекс досудил дури 29 непостоечки фаули против тимот од Кратово а врв на целата лакрдија е досудениот пенал во 77-та минута кој на градскиот стадион во Штип го виде само главниот судија.
Кратовчани се убедени дека Бартон допатувал на овој натпревар со единствена тенденција да ја запре одличната серија на Силекс кој прв го отвори резултатот преку Мариќ во 28. Минута. И на стартот од првенството Бартон го режираше дуелот со Металург во Скопје кога делеше картони од ракав и непотребно исклучи играч по што ФК Силекс реагираше на неговите одлуки. Истото беше и пред неколку сезони кога беше побарање негово изземање од натпреварите на Силекс и веќе е време да се каже дека на таквите судии не им е местото во македонскиот фудбал.
ФК Силекс реагира и на односот на домаќинот, а во записникот е пријавен физички напад од страна на претседателот на клубот врз гостинскиот играч Велинов .