Првото поголемо возбудување на денешната средба се случи по безмалку половина час игра, кога Јасир Беќири беше соборен во противничкиот шеснаесетник и изнуди пенал за домашниот состав. Виктор Димков не успеа да го претвори ударот од белата точка во почетна предност, шутирајќи по средината право во гостинскиот голман Пановски.
Сепак, ѐдимков успеа да се извади за нереализираниот пенал во 25. минута од мечот, кога постигна атрактивен погодок од слободен удар, доведувајќи го Вардар во водство од 1-0 по 35 минути игра. Тоа како да ги налути гостите од Кратово, кои само четири минути подоцна со голот на Дарко Ѓурчиновски го израмнија резултатот на 1-1.
Во второто полувреме, Апостоловски по точно еден час и пет минути игра искористи едно невнимание кај противничката одбрана, за водство од 2-1 во полза на Вардар. Меѓутоа радоста на домашните фудбалери повторно траеше кратко, бидејќи англискиот интернационалец Моли, со прецизен удар од далечина ги постави конечните 2-2, во 70. минута од натпреварот.
ВАРДАР – СИЛЕКС 2-2
Игралиште во населба Јане Сандански
Главен судија: Симеон Стефков; Помошници: Даниел Василевски и Горан Милошески (сите од Скопје)
Стрелци: Димков 35, Апостоловски 65 – Вардар; Д. Ѓурчиновски 38, Моли 70 - Силекс
Жолти картони: Маркоски 72 – Вардар; Алексиќ 25 - Силекс
ВАРДАР: Трајчевски, Јошевски, Чукалевски, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Беќири, Димитровски, Даци, Апостоловски.
Играа уште: Тасески, Тимевски, Маркоски, Менкиноски и Јовановски.
СИЛЕКС: Д. Пановски, Митевски, Алексиќ, Ристевски, Н. Ѓурчиновски, Мицков, Тимовски, Д. Ѓурчиновски, А. Пановски, Ивановски, Моли.
Играа уште: Трајановски, Трајчевски и Стојановски.