Селекторот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, за претстојниот квалификациски дуел со Украина го повика и Кристијан Филиповски од редовите на Силекс. Ова ќе биде прв повик за Филиповски во младата репрезентација, откако во неа веќе нема место за Ангелче Тимовски поради навршени 21 година. Покрај Филиповски, повик доби и фудбалерот на Вардар, Петар Петковски, кој по потекло е од Кратово.
ГОЛМАНИ: Дамјан Шишковски (Работнички), Игор Алексовски (Македонија ЃП), Филип Илиќ (Металург).
ОДБРАНА: Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлероа), Висар Муслиу (Ренова), Бесир Демири (Шкеднија), Мевлан Мурати (Шкендија), Егзон Бејтулау (Шкендија), Алекса Амановиќ (Јавор).
СР. РЕД: Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт), Давид Бабунски (Ц. Звезда), Даниел Аврамовски (ОФК Белград), Кристијан Филиповски (Силекс), Енур Тотре (Шкендија), Елиф Елмаз (Работнички).
НАПАД: Марјан Радески (Шкендија), Тихомир Костадинов (Бањска Бистрица), Филип Пивковски (Ландскрона), Виктор Ангелов (Ујпешт), Кире Маркоски (Работнички), Петар Петковски (Вардар).