gogo

A+ R A-


Шербеџија бил таличен, Силекс се враќа со големи три бода од Битола

altКарантинот се исплатеше, фудбалерите на Силекс се враќаат со големи три бода од тешкото гостување во Битола. Совладан е Пелистер со 1-0, со погодокот на резервистот Бобан Мариќ во 85-тата минута, откако штипјанецот упати вистинска бомба од далечина која заврши зад грбот на Пашовски. Расположението во редовите на Силекс достигна плафон, кратовци се шегуваат дека нивниот нов навивач - актерот Раде Шербеџија им донел среќа во Битола, но и дека планираат на клупски трошок да го поканат следната недела во Кратово, да биде таличен за нова победа на кратовци против тетовска Шкендија.
Прогнозите пред почетокот на сезоната велеа дека Силекс е речиси сигурен патник во второлигашката конкуренција, но есапот на терен вели нешто друго. Кратовци по 15 кола, или речиси на половина од шампионатот, се наоѓаат на делба на третата позиција, или на место кое води во Лига Европа. Такво нешто никој не очекуваше, дури ни најголемите оптимисти. Но, кратовци ја живеат својата бајка, која се надеваат дека ќе продолжи следниот викенд против Шкендија.

РЕЗУЛТАТИ 15.КОЛО
Вардар – Металург 3-1
Шкендија – Работнички 1-3
Турново – Тетекс 2-0
Брегалница – Ренова 2-0
Пелистер – Силекс 0-1

ТАБЕЛА
1. Вардар 37
2. Работнички 31
3. Силекс 24
4. Шкендија 24
5. Металург 21
6. Турново 20
7. Ренова 19
8. Пелистер 17
9. Брегалница 12
10. Тетекс 2

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.