gogo

A+ R A-


Шкендија и Кратово утре ја кројат плеј-оф табелата во футсал

altДенешните резултати во втората футсал лига го прават извонредно интересен и возбудлив последниот натпревар кој се игра утре во Тетово, а од кој зависи кој ќе игра во плеј-офот, а кој ќе остане со прстот в уста. КМФ Кратово по денешниот пораз на Цико има можност со триумф утре против Шкендија да избие на второт место и да има подобра стартна позиција во плејофот. Од друга страна, ќе биде извонредно жеѓко во Тетово, затоа што Шкендија нема избор, ако сака учество во плеј-офот и надеж дека ќе влезе во елитата, ќе мора да го совлада КМФ Кратово. Во секој случај, интересна разврска, особено што кратовци ветуваат беспоштедна борба за бодови и пробив на втората позиција.
Втора Футсал лига, 18-то коло

КМФ Шкупи - КМФ Цико 7:3
КМФ Гемиџии - КМФ Рудник Саса 1:8
КМФ Овче Поле - КМФ Богородица 4:2

Останат натпревар кој се игра утре е исто така многу интересен и одлучувачки:
КМФ Шкендија - КМФ Кратово

ТАБЕЛА:
1. КМФ Шкупи 40
2. КМФ Цико 36
3. КМФ Кратово 35 (-1)
4. КМФ Рудник Саса 29
--------------------------------------
5. КМФ Шкендија 28 (-1)
6. КМФ Овче Поле 18
7. КМФ Бели 12
8. КМФ Гемиџии 6
9. КМФ Богородица 6

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.