gogo

A+ R A-


Шкендија се вклучи во трката по голгетерот Игор Недељковиќ

Ако можеше Шкендија минатото лето да плати обесштетување на Металург од 150.000 евра (неофицијално) за потписот на младинскиот репрезентативец Марјан Радески, тогаш зошто истото да не се случи и во случајот на Игор Недељковиќ. Според информациите кои ги лиферуваше Македонски спорт, раководството на Шкендија се намерачило на напаѓачот на Силекс, кој им го загорча животот во претходната сезоната. Интерес од тетовци има, дека се кадарни да платат висока отштета, тука дилеми нема. Останува да се види дали управата на Силекс ќе загризе на понудата од газдата на „Еколог“, која сигурно нема да биде мала, или ќе сака да го задржи играчот кој треба да биде столб на играта и во следната сезона, но и во настапот во квалификациските кола на Лига Европа. Како и да е, Недељковиќ е на слатки маки во Пефкохори, каде се сонча на плажа и со калкулаторот в рака го пресметува својот удел во евентуалната зделка.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.