Лидерот на табелата и најтрофеен македонски клуб денес гостува во Кратово (16ч). Треба ли поголем мотив за фудбалерите на Силекс да излезат на зелениот тепих, да остават срце на терен и да го совладаат големиот противник. Вардар е стар должник, уште од почетокот на деведесеттите поради огромното ривалство со кратовци. Уште повеќе боли ужасната серија која кратовци ја имаат против Вардар. На последните 14 меѓусебни мечеви, Силекс нема победа, а притоа има дури 11 порази. Последниот триумф кратовци го забележаа на 7 август 2010, оттогаш на црната серија и нема крај. Ако може некој друг, освен Шкендија, да го совлада Вардар, тоа сигурно се играчите на Силекс. Играат во одлична форма речиси цела сезона, дома на 13 првенствени меча имаат само еден пораз, и тоа токму од „црвено-црните“ со 0-3, имаат и парична мотивација, ќе имаат и поддршка од трибините.
„Да се разбереме, за нас дуелот со Вардар е како и секој друг меч. Вардар секако е поквалитетна екипа од нас, но нема да се предадеме. Ќе дадеме се од себе, ќе играме до последниот атом на силите, ќе се обидеме да не ја разочараме домашната публика. Ако одиграме така, убеден сум дека ќе оствариме позитивен резултат“ - вели стоперот Немања Иванов, кој игра во извонредна форма и е еден од главните виновници што кратовци сезонава имаат примено само 8 гола на домашен терен.
Добра вест за стратегот Момчило Митевски е што сите играчи му стојат на располагање, нема повредени и суспендирани. Кај гостите ќе го нема бекот Горан Попов, кој заработи повреда против Работнички, но тука е напаѓачот Ацо Стојков, кој најавува триумф на својот тим.
„Без оглед на двете убедливи победи во претходните соочувања со Силекс, знаеме дека нѐ очекува уште една тешка првенствена битка. Нашиот следен противник сезонава игра добро на домашниот терен и сигурно дека пред својата публика, кратовци ќе бидат максимално мотивирани да се покажат во најдобро издание, токму против нас. Меѓутоа, ние треба да си ја играме наша игра и уште од првата минута, агресивно да ги притеснеме на нивната половина. Доколку сите го дадеме максимот, притоа без да го потцениме противникот, мислам дека и овој пат ќе извлечеме поволен резултат“, изјави Стојков.
Судија на денешниот меч е Јосип Бартон од Тетово.
Силекс 14 меча без триумф над Вардар, време е за прекин на традицијата
Најново
![]() | Денеска | 1198 |
![]() | Вчера | 1527 |
![]() | Оваа недела | 2725 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 127262 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20912004 |