По канонадата од голови против Осогово (7-0), фудбалерите на Силекс како да ја потрошија муницијата, па одиграа мирољубиво реми со Беласица со по еден гол во двете мрежи. Гостите први поведоа уште во шестата минута по еден скратен корнер, по кој одбраната на Силекс одигра лошо и прими погодок со глава. Боби Мариќ пропушти одлична прилика за гол во 10-тата минута, кога со глава биеше под пречката, но гостинскиот голман одбрани. Одлична можност за гол пропушти и Игор Клечкаровски.
Во вториот дел кратовци заиграа далеку подобро и во 67-та минута го израмнија резултатот. Мицков одлично асистоираше, а Николчо Ѓорѓиев пласираше под телото на гостинскиот голман. До крајот на мечот се играше „викторија“ пред голот на струмичани, но не дојде до промена на резултатот.
Силекс - Беласица 1-1 (ВИДЕО)
Најново
![]() | Денеска | 1899 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24362 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117299 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902041 |