Иако се надеваа дека ќе можат по вторпат да го изненадат шампионот Вардар, сепак, кратовци по голема борба загубија со 1-2. Вардар победи не затоа што беше надмоќен, туку поради отсуството на четири клучни играчи во редовите на Силекс. Капитенот Мицков, Гуцев и Глигоров поради повреди и картони не можеа да настапат, а ровитиот Пановски влезе во вториот дел. Втората причина за поразот кратовци ја бараат во лошото, на моменти тенденциозно судење на судиската тројка, особено на главниот судија Стојанче Стојанов.
Вардарци до водство стигнаа во 22-та минута, преку прекрасниот еврогол од слободен удар на Хуан Фелипе. На погодокот претходеше непостоечки фаул на 25 метри од голот на Митровиќ, во ситуација кога беше направен фаул во напад врз Филиповски, а арбитарот Стојанов досуди прекршок за Вардар.
Во вториот дел кратовци израмнија по само две минути игра. По еден скратен корнер, највисоко скокна Немања Иванов и со глава ја заби топката во мрежата на Пачовски.
По погодокот кратовци ја стабилизираа играта, тргнаа и по втор погодок, но една неуспешна офсајд-замка на одбраната на Силекс, новозлезениот Ќеран од десетина метри го совлада Митровиќ за конечни 1-2.
Силекс без 4 клучни играчи не можеше против Вардар и судијата
Најново
![]() | Денеска | 82 |
![]() | Вчера | 3310 |
![]() | Оваа недела | 25855 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 118792 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20903534 |