gogo

A+ R A-


Силекс без предност ќе патува во Молдавија

Фудбалерите на Силекс одигра без победник 1:1 против молдавскиот тим Петроклуб во првиот меч одигран попладнево на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ. 
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Силекс, уште во петата минута од натпреварот го постигна водечкиот гол, по акцијата од десната страна која ја започна Алаксовски и нафрлувањето на Рајков на востинското место се најде 20-годишниот Кристијан Додевски. 
Само четири минути подоцна гостите можеа да израмнат откако во обидот да расчисти Стојчевски за малку не си постигна авто-гол, а статива сојузник на Божиновски. 
Во 41-минута многу среќа и за гостите од Молдавија, откако по ударот на Муставов топката заврши во дирекот од гостинскиот гол.
И кога сите очекуваа крај на првиот дел по акцијата од десната страна и интервенцијата на Боќиновски, на вистинското во непосредна близина се најде Сергиу Платика кој го израмни резултатот на 1:1.
Во вториот дел најголемата шанса за втор гол ја имаше Силекс односно Алексовски кој во 83-минута по уфрлањето на Серафимовски биеше со глава над голот, а резултатот остана непроменет.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.