Гол...
0-1 21’ Блажевски уфрли во шеснаесетникот, таму голманот Митровиќ и Иванов лошо реагираа, по што топката дојде до Костов, кој од само неколку метри ја турна топката во мрежата
1-1 68’ Одлично уфрлање на Џонов на пеналтикот, каде Пановски со глава упати удар кој Павлов го одбрани, но одбиената топка ја прифати повторно Пановски и го совлада гостинскиот голман од 6-7 метри
Момчило Митевски
Силекс и Брегалница одиграа квалитетен натпревар во кој гостите први поведоа по една наша голема грешка. Во второто полувреме нашите шанси се редеа како на филмска лента. Создадовме најмалку 6-7 добри шанси, но дадовме само еден погодок. Задоволен сум од резултатот, иако бевме блиску и до победа. Моите играчи заслужуваат честитки за игрите во целата сезона и пласманот на третата позиција на табелата.
Игорче Стојанов
Фер и коректен натпревар кој се одигра во мирна атмосфера. Можам да кажам дека и двата тима имаа свои прилики, ние во првото, домаќинот во второто полувреме. По една искористивме и ние и Силекс и на крај мечот заврши со најреалниот епилог. Сакам да им честитам на кратовци за пласманот на третата позиција и настапот во квалификации во Лига Европа.