gogo

A+ R A-


Силекс - Брегалница, дерби на Истокот кое ја крева атмосферата до вриење

altУтре (недела 15.30ч.) се игра големото фудбалско дерби на Истокот меѓу Силекс и Брегалница, меч кој е повеќе од обичен прволигашки дуел, кој значи борба за престиж, а годинава и битка за опстанок. По одличниот старт, кратовци се малку раздрмани по поразот од Шкендија, но тоа не смее да се одрази на играта проитв штипјани, сметаат кратовци. На спротивната страна ќе го имаат „грогираниот“ тим на Брегалница, состав кој дефинитивно разочара во првите седум кола и е закован на дното на табелата.
-Позицијата на табелата воопшто не смее да не залажува. Брегалница е последна, со само три бода, но „ранетиот“ лав е најопасен. Доволни ги познаваме, ги цениме како колектив, но за нас се освен триумф е рамно на пораз - вели новопечениот младински репрезентативец Ангелче Тимовски. alt
Голем оптимист во редовите на Брегалница е поранешниот „Силексовец“ Глигор Глигоров, кој е убеден дека „сините“ ќе дојдат до позитивен резултат.
-Нема што да се крие, се наоѓаме во голема криза, но од неа еднаш мора да излеземе. Цврсто сме решени тоа да го сториме на жешкото гостување во Кратово. Максимално сме подготвени, мотивацијата е до небо, бодовите мора да бидат наши. Го респектираме Силекс, но во Кратово одиме по трите бода - вели Глигор Глигоров, кој исто така е поранешен репрезентативец.
Според обложувалниците, фаворит е Силекс со коефициент 1.60 за победа, наспроти 4.80 за триумф на Брегалница. Главен арбитар на мечот ќе биде искусниот прилепчанец Горан Спиркоски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.