gogo

A+ R A-


Силекс двапати водеше, на крајот ремизираше со Ренова

Иако на двапати водеа, фудбалерите на Силекс не успеаја со полн плен да се вратат од тешкото гостување кај стариот познаник Ренова. По многу искри на теренот, проследени со дури девет жолти и еден црвен картон од стана на арбитарот Димитар Мечкаровски, Ренова и Силекс ремизираа со резултат 2-2. Кратовци одлично го почнаа мечот и рано стигнаа до водство со погодокот на Игор Недељковиќ.
altПо шест минути игра во вториот дел израмни Емини со удар од 15 метри. Следуваше пречка за домаќините по ударот на Рамадани и ново водство за кратовци, откако Николчо Ѓорѓиев во 66-та минута го пронајде патот до мрежата.
Повторно атаци на Ренова кои резултираа со уште една греда на Реџепи, но и израмнувачки погодок на Ѓорѓи Мојсов во 72-та минута.
Последните петнаесеттина минути кратовци ги играа со играч повеќе, откако беше исклучен Меџит Незири. Шансата на мечот ја имаше Недељковиќ во судиското продолжение, но голманот Мустафи ја прочита неговата намера.
Кратовци и покрај лошата серија во која влегоа пред еден месец, и понатаму остануваат на само два порази во првенството и се задржуваат во златната средина, далеку од двете места кои водат во второлигашкото друштво.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.