По обвинувањата од таборот на Ренова за лошо гостопримство и пристрасно судење на мечот Силекс - Ренова, со реакција се јавија од редовите на Силекс, неграјќи ги наводите на тимот од Џепчиште.
До Македонската спортска јавност,
Почитувани, ФК Силекс многу ретко се обраќа на ваков начин, но овојпат сме приморани да одговориме на нападите од страна на ФК Ренова во врска со натпреварот Силекс-Ренова одигран на 03.04.2016 во Кратово. Би сакале аргументирано да ги образложиме случувањата, пред за време и по овој натпревар:
1. ФК Ренова е наш пријателски клуб, сите наши натпревари без оглед каде се играле биле вистински спортски натпревари, натпревари во кои победувал подобриот, натпревари во кои што поразениот му честиташе на победникот, така беше и овојпат.
2. Како и секогаш и овојпат ФК Силекс ја дочека гостинската екипа со респект и на достоинствен начин, начин каков што прилега на два спортски клубови.
3. За време на натпреварот немаше неслужбени лица на теренот, и едниствен одговорен за безбедност беше Комесарот за безбедност, најодговорно тврдиме дека како и секогаш и овојпат немаше ниту еден редар на теренот, што може лесно да се види на снимката од ФФМ.
4. Нема да го коментираме денешното судење на нашите најдобри судии, само сакаме да посочиме дека доколку во 74 минута судијата не досудеше повеќе од очигледен пенал, ќе беше нанесена голема спортска неправда кон ФК Силекс. Овој момент можеа да го видат гледачите преку малите екрани, и исто така го има и во снимката на ФФМ.
5. Искрено се надеваме дека ваквата рекција на ФК Ренова со која ги нападна ФК Силекс, Делгатот, Контролорот и Судиската тројка, е во моменти на нервоза заради претрпениот пораз и дека по преспиената ноќ, ќе ги ревидираат своите искажани ставови, во интрес на вистината, на македонскиот фудбал и пријателските односи помеѓу нашите два клуба.
ФК Силекс, Кратово“, се вели во соопштението на Силекс.
Силекс ги отрфла обвиненијата кои доаѓаат од таборот на Ренова
Најново
![]() | Денеска | 1234 |
![]() | Вчера | 1527 |
![]() | Оваа недела | 2761 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 127298 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20912040 |