ФК Силекс стартуваше со зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Тимот на Момчило Митевски во понеделникот го имаше својот прв тренинг, во пресрет на стартот од пролетниот дел на шампионатот. Според зборовите на стратегот Митевски, зимава нема да има поголеми играчки потреси во ростерот на кратовци. Единствениот кој си замина е левиот бек Кирче Ристевски, кој потпиша за второлигашот Победа Прилеп. Пред 3-4 недели од обврските беа ослободени и Дарко Ѓурчиновски и Александар Багашовски.
Засега нема ниту едно ново име во редовите на Силекс.