Досегашниот напаѓач на Пелистер, Благојче Главевски, е нов играч на кратовскиот прволигаш Силекс. Главески ги договори сите детали со изненадувањето на пролетта и веќе од понеделник ќе се приклучи на стартот на подготовките. Главевски покрај Пелистер, играше и во Шкендија и во Напредок. Тренерот на Силекс, Зоран Штерјовски одлично го познава, а и Гордан Здравков половина сезона работеше со него во периодот кога седеше на клупата на битолчани.
фото - Зоран Мишевски