Неискусниот состав на Металург, во кој настапија дури седум младинци, пружи достоен отпор на гостувањето во Кратово, но не успеа да извлече повеќе од чесен пораз. Избраниците на Алексо Мацков загубија од Силекс со 3-0, во меч кој немаше фудбалска убавина, бидејќи силниот, на моменти разорен ветер не доволуваше многу комбинаторна игра.
Кратовци поведоа во 10-тата минута преку Пановски, а на 2-0 зголеми Глигоров во 41-та минута. Конечните 3-0 ги постави Мицков во 60-тата минута.
-Квалитетен првенствен меч, во кој подобриот тим стигна до бодовите. На моите фудбалери им ја честитам победата, но воопшто не сум задоволен од играта. Во првото полувреме одигравме нешто поквалитетно, но во вториот дел не одигравме на посакуваното ниво - рече Момчило Митевски по мечот.
-Воопшто не сум задоволен од играта на мојот состав, дури можам да кажам дека одигравме еден од полошите мечеви под мое раководство. Во овој момент тоа се вистинските можности на младите и неискусни играчи кои ги имам во составот – истакна Мацков по мечот.
На останатите два меча, Работнички ремизираше против Шкупи (1-1), а ист епилог имаше и мечот меѓу Ренова и Хоризонт Турново. Шкендија утре го пречекува Младост Царев Двор, а во вторник Вардар ја дочекува Брегалница.
фото – Оливер Арсовски
ТАБЕЛА: Вардар 49 (-1), Шкендија 44 (-1), Силекс 33, Работнички 31, Шкупи 31, Ренова 21, Турново 21, Брегалница 20 (-1), Младост ЦД 16 (-1), Металург 13