gogo

A+ R A-


Силекс го демолира Металург и најави уште една успешна сезона

altМеталург на домашен терен беше поразен од Силекс со 1:3, во воведниот меч од новото фудбалско првенство. Водство на кратовчани донесе Николчо Георгиев нешто пред крајот на полувремето, веднаш во вториот дел во првите 15 минути, Силекс ја осигура победата, прво Немања Иванов во 55 минута зголемува на 0:2, додека 5 минути подоцна Силекс преку голот на Игор Недељковиќ го постигна и третиот гол. До крајот на натпреварот домаќините успејаа да го ублажат поразот, Митревски во 78 минута стрелаше за конечни 1:3.

Шкендија на домашен терен успеа да го победи новодојденецот во ПМФЛ, тимот на Младост Царев двор со 3:1, иако гостите уште во првата минута поведоа со голот на Цветановски. Ферхан Хасани во 21 минута изедначи на 1:1, а подоцна во вториот дел во 62 и 69 минута, Ибраими и Вручина ги поставија конечните 3:1.

Турново на домашен терен беше убедлив против Ренова со 4:0, Имер и Сашко Пандев постигнаа по два гола за сигурна и убедлива победа на домаќинот против Ренова.

Во вечерниот термин Вардар и Шкупи одиграа 2-2.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.