Утре (вторник) на програмата се реванш дуелите од осминафиналето на македонскиот фудбалски Куп, а составот на Силекс му гостува на второлигашот Еуромилк. Мечот се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, со почеток од 15.00 ч. Кратовци патуваат на реваншот без залиха, бидејќи на домашен терен ремизираа (1-1).
-Кризата во која бевме подолг период веќе е во фаза на надминување, а и самодовербата е вратена по ремито во Турново. Со триумф утре против Еуромилк ќе се врати победничката атмосфера и силната мотивација што ја имавме на почетокот од првенството. Иако се работи за второлигаш, уште по првиот меч заклучивме дека во реваншот не смееме да го потцениме противникот и со колективна игра да стигнеме до четрвтфиналето на Купот - вели Роберто Стојков.
Судија на мечот ќе биде штипјанецот Стојанче Стојанов. Блага предност му се дава на Силекс, обложувалниците поставија коефициент 2 за победа на кратовци, а 3.70 за триумф на Еуромилк.
Силекс го очекува неизвесен реванш со Еуромилк во Купот
Најново
![]() | Денеска | 2495 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24958 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117895 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902637 |