gogo

A+ R A-


Силекс и Штерјовски се разделија, Јаковљевиќ седнува на клупата

alt

По едногодишна соработка, раководството на Силекс одлучи да ја раскине соработката со досегашниот тренер Зоран Штерјовски. Иако кратовци обезбедија опстанок многу рано, сепак одлучија да дојде до проветрување во Стручниот штаб. Таму и понатаму останува Гордан Здравков, а замената за Штерјовски ќе биде Мирослав Јаковљевиќ, тренер кој не и е доволно познат на македонската спортска јавност. Од она малку податоци на интернет, откривме дека Јаковљевиќ кусо седел на клупата на Беласица и бил тренер на скопскиот клуб Локомотива.
Инаку, Штерјовски заминува од Кратово полн со позитивни впечатоци
-Сакам да изразам благодарност до Силекс затоа што ми укажаа доверба пред една година да бидам тренер во еден од најдобрите македонски клубови. Сметам дека имавме успешна сезона, да потсетам дека бевме хит на полусезоната и примарно ги остваривме амбициите на клубот. Сакам да се заблагодарам на играчите и стручниот штаб за коректната соработка и им посакувам многу среќа и успех во следната сезона - истакна Штерјовски, кој сезоната ја заврши на одличното петто место, на само еден чекор до излез на евросцената.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.