Кратовски Силекс ги дозна четирите можни ривали во Лигата на шампионите, откако УЕФА ги подели екипите во групите пред ждрепката која треба да се одржи во Нион.
Силекс е меѓу неносителите, заедно со Динамо Брест, Рига и Тирана. Можни противници се Астана (Казахстан), Карабах (Азербејџан), Макаби Тел-Авив (Израел) и Динамо Тбилиси (Грузија).
Во оваа фаза ќе се игра само еден натпревар, а со ждрепка ќе се одлучи кој ќе биде домаќин. Дуелите се на програмата на 18/19 август.
Постои опција доколку Силекс е домаќин натпреварот да се игра на неутрален терен, а опции се Кипар, Унгарија, Полска и Грција.