gogo

A+ R A-


Силекс ќе ја нападне Шкендија, Крсте Тодоров не помислува на пораз

По шест кола во кои фудбалерите на Силекс немаат сеуште пораз, утре (16.00) му гостуваат на фаворизираниот тим на Шкендија во Тетово. Знаат добро кратовци дека во Тетово секогаш е жешко за гостинските тимови, но никој не помислува да тргне на пат со бело знаме. Умерен оптимист во редовите на Силекс е универзалецот Крсте Тодоров, кој бележи одлични настапи во првите неколку кола.
-Во Тетово клучна ќе биде тимската игра. Досега се боревме максимално и игравме колективен фудбал, ако демонстрираме таква игра и утре, можеме да се надеваме на поволен резултат. По првите шест средби увидовме дека можеме да играме против секого на рамноправна основа, па затоа ценам дека и против Шкендија нема лесно да се предадеме - вели Тодоров.
Домашниот тим е изразит фаворит на утрешниот меч, со коефициент 1.55 за победа, наспроти 5.50 за двојка. Тетовци имаат и нов тренер во името на Адриан Кознику, кој токму против Силекс ќе го има официјалното деби.
-Шкендија е во мала криза, три кола се без победа. Главен адут им е многубројната публика, која им е ветар во грб, но и голем притисок. Мораме максимално да внимаваме и на напаѓачот Бојан Вручина, кој е извонредно опасен напаѓач - заврши Тодоров, од кого очекиваме да го запише својот прв погодок во дрсот на Силекс.
Судија на мечот ќе биде Петар Мaltантев од Неготино.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.