Кога е во прашање Истокот на земјава, нема поголемо фудбалско дерби од она кога играат Силекс и Брегалница. Двата најстабилни прволигаши на Истокот утре ќе имаат нова пресметка во Кратово, во рамки на второто коло од првата фудбалска лига. И двата тима имаа одличен старт, Силекс победи на гостувањето кај Металург, додека Брегалница дома го нокаутира фаворитот Работнички. И двата тима се надеваат на продолжение на успешната низа, која кај Силекс трае од 12 мај, а кај штипјани од 15 март.
-Утре ќе се соочиме со противник кој долго време е во победничка серија. Штипјани немаат пораз на последните 16 официјални мечеви, а победија на последните девет меча. Тоа е за респект, ама ние не сме исплашени од формата на Брегалница. Имавме добра увертира во првенството и купот, па се надеваме на нова победа, иако сигурен сум дека мечот ќе биде исклучително тежок - вели „срцето“ на тимот од Кратово, Крсте Тодоров.
Благ фаворит во обложувалниците е Силекс, со квота 2.20 за победа. Судија на мечот ќе биде Зоранчо Темелков од Кавадарци. Мечот почнува во 17.30.
Силекс ќе ја урива серијата на Брегалница од 16 меча без пораз
Најново
![]() | Денеска | 2292 |
![]() | Вчера | 2939 |
![]() | Оваа недела | 24755 |
![]() | Минатата недела | 35161 |
![]() | Овој месец | 117692 |
![]() | Минатиот месец | 101435 |
![]() | Вкупно | 20902434 |