Во пријателски натпревар како подготовка за наредната натпреварувачка сезона во Првата и Втората македонска лига, новиот прволигаш Силекс беше минимално поразен од второлигашката екипа Дрита со 1:0. Стрелец на единствениот стрелец на стадионот во Боговиње беше Игор Савески пред самиот крај на првото полувреме по асистенцијата на Трипуновски. Савески рутински со глава ја смести топката во мрежата на Симов.
Според најавите, на 26. јули 2014 год (вторник), кратовскиот состав треба да одигра уште една контролка против Брегалница Штип со почеток од 17:00 ч.
Силекс настапаи во следниот состав: Симов, Насевски, Јанев, Џонов, Рудан, Мијатовиќ, Тодоров, Недељковиќ, Дурански, Костовски, Велинов. Шанса добија уште Мицков, Мариќ, Тимовски, Багашовски, Глигоров, Стојков.